Meчувањето во Македонија како спортска дисциплина има традиција повеке од 60 години. Самите почетоци се на почетокот 20 век, но функционираат спорадично и несистематски. По Втората светска војна се оформува првиот мечувалски клуб Работнички во кој се зачленуваат млади спортисти, љубители на овој спорт, со што клубот влегува во еден систем на континуирани тренинзи и вклучувања на национални и интернационални натпреварувања.

       По распадот на СФРЈ во 1991 се основа Македонската Мечувалска Федерација во која денес членуваат три клубови

-Работнички

-Вардар и

-Аеродром

со вкупно 50 активни членови спортисти во сите категории и од двата пола.

       За стручно водење на тренинзите се задолжени двајца тренери со повремено вклучување на уште еден тренер. Моментално сите тие работат волонтерски. Федерацијата нема тренери кои работат на професионална база.

       Водечките тела на Федерацијата се: Претседател на федерацијата, Генерален секретар на федерацијата и Извршен одбор составен од 6 членови, вклучувајки ги претседателот и секретарот, од кои 5 имаат право на глас. Федерацијата има и почесен претседател без извршни обврски и права.

Претседател на Македонската Мечувалска Федерација е Г-дин Александар Анастасов

Генерален Секретар на Македонската Мечувалска Федерација е Г-дин Никола Исајловски


Членови на Управниот Одбор со право на глас се

Г-дин Александар Анастасов

Г-дин Никола Исајловски

Г-дин Зоран Стојановиќ

Г-дин Дарко Никодиновски и

Г-дин Венко Муратовски


Член на Управниот Одбор без право на глас е Г-дин Љубиша Шоповски.

Почесен Претседател е Г-дин Бранко Радовановиќ. Еден од основачите на модерното мечување во Македонија